АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Неколку форми од Битола се најдоа на долгиот список кој го објави Владата, кои добиле финансиска помош од државата, а не дале плата на работниците. Меѓу нив се две фирми кои градат згради во Битола , фирми кои се занимаваат со трговија со автомобили и мотоцикли, фирми кои се занимаваат со отпад и преработка на отпадни материјали како и адвокат од Битола кој дава прави и сметководствени услуги. Меѓу оние кои зеле пари а не исплатиле е и едно радио од Битола кое емитува програма.
Подолу на списокот се фирмите кои добиле финансиска помош, а не дале плата на работниците, што го објави Владата.
Надлежните најавија дека компаниите што ќе ја злоупотребат помошта ќе бидат казнети парично, но подлежат и на кривична одговорност. Глобите се движат од 500 до 1.000 евра за микрофирма, од 500 до 2.000 евра за мала фирма, од 1.000 до 6.000 евра за средна и од 1.000 до 10.000 евра за голема фирма.