2win800x200

Дедо Мраз пристигна во Битола, го дочекаа најмладите битолчани

Декември 26, 2020

Еден час после пладне најсаканиот дедо на светот, Дедо Мраз, пристигна во Битола. На плоштадот Магнолија го дочекаа најмладите, дечињата кои се поздравија и се сликаа со него.

 


"Најпрво продифилира низ битолските улици, а во периодот од 13-15ч (со почитување на препораките ) наместо во неговата куќарка, се сликаше со дечињата на градскиот плоштад Магнолија! Таму ќе биде до 30 декември и ќе ве очекува од 12-14ч

Освен преку собирање на средства со фотографирањето, главната цел ни е собирање и на донации во вид на храна,облека и играчки за социјално загрозени семејства.

За да го направиме настанот поуспешен и да посетиме повеќе фамилии, Куќичката на Дедо Мраз оваа година се вклучува заедно со Ротари клуб Широк сокак Битола, Ротаракт Широк сокак Битола и Интеракт Битола во проектот “Празници за сите “ .Ве повикуваме сите вас кои имате можност како фирма или физичко лице да го направите истото и заедно да ги направиме овие празнични денови поубави за сите!" велат организаторите

 

 

 received 413192713430392

received 500583497582527

received 823326355120444

received 1286365051729253

received 153731939523492

received 312272803382005

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани