2win800x200

800 000 денари донација од општинскиот буџет за приклучок на струја за модуларната болница во Битола

Декември 25, 2020

Советниците на Општина Битола едногласно дадоа согласност по предлогот од општинскиот буџет да се издвои донација од 800 000 денари за обезбедување на приклучок на електрична мрежа за модуларна болница за вршење на здравствената дејност против ковид-19. Советниците на крајот на ноември ја изгласаа програмата за поставување на модуларен Ковид-центар во дворот на Клиничката болница во Битола и  одлуката за давање донација во вид на услуга и добра на болницата во износ од 2,5 милиони денари или над 40 000 евра за подигање на градбата.

Со ова Општина Битола досега од сопствениот буџет донира над 93 000 евра за поддршка на здравството во градот во битката со пандемијата на ковид-19. Претходно беа издвоени 10 000 евра за отворање на лабораторија за тестирање од коронанавирус во Центарот за јавно здравје. Потоа, уште 10 000 евра за обезбедување на апаратура за кислородна поддршка во Болницата, па 20 000 евра за набавка на брзи тестови во Центарот за јавно здравје. Дополнително се издвоија и над 40 000 евра за модуларната болница, а се вложи и во подготовка на месната заедница „Панде Кајзеро“ во близина на Болницата каде исто така се прават брзи тестови Според ова, вклупно од својот буџет Општината издвои над 93 000 евра како финансиска помош на здравствените институции во битката со ковид-19.

Модуларната болница во Битола треба да има капацитет од 90 до 120 болнички кревети. Се состои од 3 модуларни градби, од кои две модуларни градби што содржат тријажен центар со стационар и една модуларна градба со независен тријажен центар. Модуларната болница ќе се протега на површина околу 1000м2 и се поставува на бетонска подлога. Јавното претпријатие „Водовод“ го заврши и приклучокот, целокупната водоводна мрежа и хидрантите наменети за монтажната ковид болница.Оваа инсталација е донација од ЈКП Водовод Битола во вредност од околу 1.100.000 денари.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани