АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Музички талентираните гимназијалци од Гимназијата „Јосип Б.Тито“ во Битола и годинава во услови на пандемија не ја прекинаа традицијата и онлајн го одржаа традиционалниот предновогодишен концерт како дел од проектната активност по музичка уметност. Нивниот ментор професорката по музичко образование Марија Арсиќ вели дека и покрај пандемијата не запре музички порив, љубовта и желбата за музицирање кај нејзините ученици и покрај многубројните училишни обврски.
Традиционалниот предновогодишен концерт на учениците кои одбраа проектна активност од областа на музичката писменост- „ Љубители на музиката" под менторство на проф. Марија Арсиќ и оваа година иако во услови на пандемија, се реализира online, истакнувајќи го својот талент преку музички и изведбени активности за кои вредно и со големо задоволство работеа изминативе 3 месеци заедно.
-Ми останува задоволството со кое работам со нив и секоја година со секоја нова генерација сѐ повеќе се восхитувам на нивниот музички талент, изјави професорката Арсиќ.