2win800x200

Докторот Хаим Абраванел заминал за Израел, но продолжил да зборува македонски

Февруари 19, 2018

(Во спомен на докторот чие име денес го носи Здравствениот дом во Битола)

 

 

Го преживеал Холокаустот на Евреите, но животот му приредил друга голема трагедија. Постарите битолчани се сеќаваат на тажната судбина на еден од најпознатите битолски лекари, Евреинот д-р Хаим Абраванел. Бил првиот лекар специјалист по интерна медицина во Битола и сите го паметат како хуман, пожртвуван доктор посветен на професијата. Но, животот со поиграл со овој вреден човек, нанесувајќи му голема болка кога во 1963 година во катастрофалниот земјотрес во Скопје ги загубил ќерката, синот и зетот. Од поколението со него останала само внуката Шели Леви која за среќа тој кобен ден била со бабата и дедото во Битола. По ова докторт се раочарал и со сопругата и внуката се преселиле во Израел.

Неговата внука Шели Леви Друмер, која над 50 години живее во Израел, денес во Битола на чист македонски јазик ја раскажа приказната за нејзиниот дедо  токму на официјалното именување на Здравствениот дом со името на нејзиниот дедо „Д-р Хаим Абраванел“.  

Го преживеал Холокаустот, но му се случила друга трагедија

-Дедо ми живееше во Израел, но Битола му беше во душата. Многу зборуваше за овој град. И во Израел зборувавме на македонски јазик. Така, јас не го заборавив јазикот и го зборувам до денес.  Замина од Македонија по големата тага што ја доживеа од земјотресот кога загинаа мајка ми, татко ми и вуко ми, поточно неговиот син, кој се уште не беше оженет. Потоа ние заминавме во Израел, но со сеќевањата често се навраќаше овде- рече внуката Леви Друмер.

Докторот Абраванел и по заминувањето во Израел продолжил да се знимава со медицина се додека не починал на  87 година во 1984 година.

-Тој беше вистински лекар, хуманист до крај на животот. Беше лекар ден и ноќ, одеше по визити по куќите, по селата овде. Токму онаа Хикократска заклетва ја исполни до крајот од животот. Ги примаше луѓето, ги посетуваше, ги лекуваше со голема посветеност. Како студент ја посетив Битола откако тој почина. Шетав низ улиците, кажував чија внука сум, а битолчани ми велеа „тој беше вистински лекар“ – се присетува внуката.

Го лекувал и Милтон Манаки

Докторот Абраванел го лекувал и познатиот  битолски снимател Милтон Манаки.

-Докторт бил по потекло од Пирот. За  време на Втората светска војна се засолнил на Косово, по ослободувањето дошол во Битола во 1946 година. Тука работел 22 години. Бил начаник и примариус доктор на Интерното одделение во болницата. Лекувам многу луѓе од овој дел на Македонија. Дури и Милтон Манаки го има лекувано, има фотографија со него. Тој го преживеал Холокаустот , но доживеал втор Холокауст со земјотресот во 1963 година – вели професорот по историја на правото, Мишо Дохмановиќ.

Доктор Абраванел работел во Битола уште во времето кога не бил изграден Здравствениот дом, но денес оваа установа го носи неговото име зашто е подигната токму на местото на некогашното Еврејско маало. Абраванел бил пионер на битолското повоено здравство. Бил првиот доктор специјалист интернист во Битола.

( Во продолжение „Како докторот Абраванел го преживеал Холокаустот„, читајте на Апла.мк 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани