Повторно се одложи судењето на Талески за негрижа на Офицерски

Февруари 19, 2018

Екс градоначалникот Владимир Талески денеска насмеан стигна во Основиот суд во Битола на судењето за негрижа на Офицерскиот дом во Битола.Одбраната  на Талески  по втор пат побара одлагање на главното рочиште.

-Мојот клиент е животно заинтересиран оваа постапка да започне и заврши што поскоро за да ја докаже својата невиност, рече адвокатот на Талески, Драги Пажик по одлагањето на судењето.

 

Односно,  одбраната бара концентрација на докази од Општина Битола  за Офицерскиот дом за да докаже дека неговиот клиент вистински се грижел за ова архитектонско наследство на градот.

„Тоа се докази кои се однесуваат на одржувањето, сите преземени дејствија, каков бил Домот предаден на Општината, кога бил одземен и повторно предаден и сметаме дека постојат материјали кои ќе укажат дека градоначалникот се грижел за тој дом и преземал разни дејствија за негово реновирање, реконструкција”, рече адвокатот Пажик.

Од  обвинителството во Битола денеска беше кажано дека одбраната на Талески извршила увид во доказите на обвинителството и дека е беспредметно процесот да се одлага. Обвинителката Оливера Нечаковска рече дека одбраната веќе извршила увид врз предметот и достави оригинални документи, како извештајот за активности во Офицерскиот дом во 2016 и известување од ЈП „Комуналец“.

Сега Основиот суд од Општината ќе ги побара доказите и документите за состојбата на Офицерскиот дом за време на владеењето на Талески во Битола. Следното рочиште е одложено за 29 март годинава.

Основното јавно обвинителство од Битола поднесе обвинение за Талески за кривично дело „несовесно работење во службата“ затоа што,  иако бил должен да обезбеди одржување, не презел се што е потребно за заштита на Офицерски кој е во надлежност на општина Битола.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани