АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Од ден на ден се намалува бројот на хоспитализации на Инфективното одделение во Битола, во моментов тој број изнесува 30 пациенти, и за 5 хоспитализации помалку од вчера.
Првите денови од новата година донесоа нови пооптимистички бројки за справувањето на битолчани со ковид кризата. Од Битолската клиничка болница велат дека за повеќе од половина е намалена бројката на ковид позитивни битолчани што отишле на преглед во Ковид центарот, а за речиси 20 проценти падна бројката на прегледи на суспектни на Ковид-19. Во декември се намали и бројот на хоспитализации, како и бројот на починати од компликации од вирусот. Сепак здравствените власти стравуваат од нов бран заради празниците и поголемата раздвиженост на граѓаните.
„Денеска имаме 30 хоспитализирани пациенти на Инфективното одделение во Битола. Оваа бројка е од пред Нова година а се задржа и сега. Во Тријажниот дел на Ковид центарот, каде се прегледуваат суспектни на Ковид-19, бројката на прегледи е намалена за 19 проценти од пред Нова година, додека во ковид позитивниот дел таа бројка е намалена за 51 процент. Сепак бројките се променливи на дневна основа и останува да видиме како ќе биде после 10 јануари“, изјави д-р Билјана Гагачовска.
На Инфективното оддление во Битола ноќеска починаа битолчанец на 73 години и ресенчанец на 72 годишна возраст