Webp.net gifmaker

Пауновски за Апла: „Затворивме два угостителски објекти во Битола, во едниот се правеше забава“

Јануари 05, 2021

За Нова година Државниот пазарен инспекторат затворел угостителски објект во Битола каде се правело забава и имало голема бројка на гости, одговори директорот на Инспкеторатот Стојко Пауновски на прашање на порталот Апла.мк. Воедно затворен е уште еден угостителски објект на 3 јануари поради пречекорување на работното време.

„Во Битола поради непочитување на протоколите и непочитување на работното време имаме затворено два угостителски објекти. Едниот го пречекорил работното време по 18 часот, затворен на 3 јануари и уште еден објект затворивме на 31 декември спроти први јануари каде во објектот се правело забава и внатре имало далеку повеќе луѓе отколку во нормални услови што би собирал самиот објект. Едниот објект е казнет со неработење 10 дена поради пречекорување на работното време зашто е како помал прекршок, а другиот е казнет 30 работни дена и си тече процедурата за прекршочната постапка при што ќе биде изречена и глоба според Законот за прекршоци“, рече Пануовски.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2020 АПЛА.мк. Сите права се задржани