АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Две млади и образовани дами го водат приватното обезбедување „Карпатија“ Битола- Елена Илиевска и Ана Марија Чкљамовска. Елена е дипломиран професор по физичка култура и м-р за обезбедување и безбедност во образовни институции, а Ана Марија диплломиран маркетинг менаџер и Master za digitalen marketing.
Што значи да си жена во секторот обезбедување, на оваа тема разговараме со Елена и Ана Марија.
Како изгледа еден работен ден во „Карпатија“ и која ви е омилената активност?
Елена-Одговорноста е голема, бидејќи ги координирам и мотивирам вработените во сите сектори и менаџирам со промените во фирмите со физичко обезбедување. Морам да гарантирам сигурност за вработените кои се изложени на опасност на работно место и претставува приоритетен предизвик со кој се соочувам. Исто така, дизајнирањето на дневната агенда е процесот каде што самостојно и навремено донесувам одлуки за одредени потфати и активности. Овој процес, подлежи на постојани флуктоации кои бараат посветеност во било кое време од денот и ноќта.
Мерките за пандемијата ни го ограничија просторот за средби со коминтентите меѓутоа секојдневната комуникација продолжува преку дигиталниот свет.
Жени во секторот обезбедување, што значи тоа за вас?
Во овој сектор, без разлика на полот, од голема важност е да се има верба и цврста решителност. За една жена да го пробие ова стаклено ѕвоно и да успее да балансира помеѓу фамилијата и професионалниот развој. Ќе нагласам дека мора да биде спремна да ризикува со цел да се избори со придизвиците кои произлегуваат од природата на работата. Како мајка и жена пред се, можам да кажам дека ја носиме елегантната , нежната и грижливата страна во оваа професија, несомнено докажуваме дека жена во секторот обезбедување значи да ја истакне силната страна и убавината во исто време.
П.с. Ако зад секој успешен маж стои жена која го поддржува тогаш, зад секоја успешна жена стојат две баби кои и ги чуваат децата хаха!
Каде ја гледате Карпатија во иднина?
Елена-Карпатија покажува афинитет помеѓу физичкото и техничкото обезбедување, меѓутоа посебен фокус во иднина би се посветил на техничкиот дел како нов предизвик кој подлежи на усовршување. Поседувајќи ги круцијалните елементи - знаење, искуство и квалитетен тим се позиционираме како лидери кои се стремат кон модернизирање на обезбедувањето како дејност, елиминирање на стереотипите, истакнување пред конкуренцијата. Нашата визија, сега и во иднината ќе ја идеализира безбедноста како основна потреба на луѓето и како „Карпатија“ ќе придонесе во нивното чувство за сигурност!
Како изгледа еден работен ден во „Карпатија“ на Ана Марија и која ви е омилената активност?
Ана Марија - Изгледа среќно! Втора куќа каде што поминуваме еден дел од денот. Имаме добар тим со кој истовремено се надополнуваме и подобруваме во работата, а има време и за смеа. Моите секојдневни обврски вклучуваат комуникација и одржување добри односи со клиентите. Почнувајќи од континуирана проверка на алармните уреди преку мониторинг систем, проверка на секојдневните настани на техничките уреди. Секој клиент и нивната безбедност за нас е од голема важност, затоа битно е навремено да се информира и соодветно да се реагира за да се открие тековниот дефект. Омилена активност ми е решавањето на тој дефект и известувањето на клиентите да си ги активираат своите аларми со цел да се избегне ризична ситуација. Ова сето се реализира со соработка и совети од нашата техничка и патролна екипа.
Жени во секторот обезбедување, што значи тоа?
Ана Марија-Во последната деценија драстично е зголемен бројот на жените во бизнисите, спортот, политиката и науката на светско ниво и во државата. И тоа како е постигнат напредок во родовиот диверзитет и сме на добар пат за жените во областа на обезбедувањето да не се подлежни на стереотипи. За пример би го зела елитниот женски кадар познат како Амазонска стража специјализирани интелектуалки со акцент на боречките вештини. Замислете, успеале да им бидат лични телохранителки на Гадафи.
Каде ја гледате „Карпатија“ во иднина?
Ана Марија-Пред се, да се продолжи 20 годишната традиција на вредности што ја има „Карпатија“, а тоа се веродостојноста и чесноста. Гледано во иднина, офомување на афинитетна средина во доменот на нови светски трендови. Инвестирање во актуелна технологија за олеснување на работата, дигитализација, ребреднирање и остварување на добра соработка со нови правни и физички лица.