За 12 дена нивото на Преспанско Езеро порасна за 15 сантиметри, соопшти УХМР

Јануари 12, 2021

Дури 15 сантиметри порасна водостојот на Преспанското Езеро во првите дванаесет денови од новата година. Управата за хидрометеоролошки работи објави дека според мерењата во Наколец, водостојот на Езерото на последниот ден од минатата година, поточно на 31.12.2020 година беше 842,25 сантиметри, а на 12 јануари 2021 година 842,40 што значи разликата е 15 сантиметри.

Објавен е и податок дека на крајот на минатата година Езерото за 50 саниметри го имаше надминато апсолутниот минимум, а денес нивото е искачено така што надминувањето е за 35 сантиметри.

Декемврискиот и јануарскиот просек скоро и да не се разликуваат и узнесуваат 843,77 и 843,78 сантиметри што укажува дека нема намалување на водостојот.

И градоначалникот на Ресен Живко Гошаревски, повикувајќи се на мерењата што Секторот за животна средина ги врши во Стење, соопшти дека од почеток на оваа година нивото на Преспанско Езеро се зголеми за 14 см, односно сегашното ниво е 842.36.

„Тоа е добра вест, во година кога треба и институционално да започнат голем број активности за спас на нашето Езеро“, рече Гошаревски..

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани