АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во присуство на министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска свечено беше отворена градинката „Бамби“ во општина Новаци, каде на површина од 230 метри квадратни ќе бидат сместени 50 деца.
„Како локална самоуправа се одлучивме на овој потфат водени од мислата дека децата се нашата иднина, а ние мора да се грижиме за нивниот развој уште од најмала возраст, да подигнеме здрави и образовани индивидуи кои после нас ќе го дадат својот придонес во развојот на нашата држава. Го зедовме во предвид брзото темпо на живеење, ангажираноста на родителите во битката за егзистенција кои имаат се помалку време да им се посветат на своите деца, да им ги обезбедат сите неопходни услови за игра и правилен развој. Се одлчучивме комплетно и комплексно да го решиме прашањето со згрижување на нашите деца затоа од 2016 година до денес интензивно вложуваме за денес да го имаме ова прекрасно катче со сите услови за престој на децата и вработените“, рече Љубе Кузманоскии, градоначалник на Новаци.
Државата и општината финансиски го поддржаа организирањето и функционирањето на оваа јавна установа за која беше потребна финансиска конструкција од 9,5 милиони денари од кои од буџетот на Општина Новаци и Министерството за труд и социјална политика се издвоени околу 7 милиони денари, а 2,5 милиони денари средства од проектот Одржливо менаџирање на агроотпадот за загревање на рурални средини, со што обезбеден е ефикасен и еколошки систем за загревање на градинката.
„Заневме дека на жителите од општината им недостига предшколска установа зашто функцинирањето ан Центарот за ран детски развој не ги задоволува целосно потребите на нашите жители. Во вистински момент креиравме место за квалитетно воспитување и предшколско образование на нашите деца, место за учење, дружба, игра. Сите знаеме дека уште во градинка детето се стекнува со вредности како што се почит, толеранција, чесност, хуманост и љубов. Со ова покажавме дека сме на вистински пат за подобрување на социјалната заштита во општина Новаци. Докажавме дека и овој пат сме лидер меѓу руралните општини во државата“, додаде Кузманоски.
Министерката Шакпаска рече дека од доаѓањето на власт од септември минатата година успеале да отворат седум градинки со што опфатот на деца во градинките е зголемен за 665 деца.
„За тековната 2021 година во тек е изградбата на 15 детски градинки со што опфатот на дечиња ќе се зголеми за дополнителни 1900. Работиме кон она што претставуваше наша проекција до крајот на мандатот 2024 година 60 проценти од децата во дражавата во предучилишна возраст ќе бидат сместени во градинки', рече министерката.