2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Третоодделенката Марија Јоновска најредовен читател од основците во Битолската библиотека

Февруари 05, 2021

Марија Јоновска е трето одделение, а од учениците од основните училишта во градот е прогласена за најредовниот читател во Националната универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Битола.

„Пред да научам да читам , мојата мајка ми читаше. Откако ги научив буквите од прво одделение самата си читам. Дневно читам два пати по половина час, сликовници, бајки, други книги за деца. Вљубеник сум во книгата и редовно изнајмувам литература од Библиотеката“, ни рече Марија Јоновска, ученичка од трето одделение од ОУ „Тодор Ангелевски“ во Битола.146278911 840455379836321 3834705773669126053 n

Неа и на други избрани читатаели на годината од Градската библиотека денес им беа врачени книги како награди.

„Одвоивте дел од вашето слободно време да нѐ посетите и изнајмивте голем број на наслови, што е за поздравување и искрено ви благодарам. За нас тоа претставува поттик и во иднина да продлжиме со набавка на нови наслови од сите жанрови, секако со цел и понатаму да го здржиме вниманието на нашите читатели. Да се заблагадорам и до Министерството за култура кое секоја година го зголемува нашиот буџет за богатување на книжниот фонд“, рече директорот Бојан Стефановски.146298004 130160668964483 7463487656993571477 n

Инаку за најредовен читател на годината со најмногу изнајмени книги, како што и минатата недела објави Апла.мк., беше прогласена Жанета Тошеска, одделенски наставник во ОУ „Кирил и Методиј“„. Таа лани изнајмила 71 книга.146957584 727344364584373 4637086103185674991 n

Најмлад читател со најмногу изнајмени книги е Никола Ицоски, кој уште не знае да чита, но книгите ги изнајмуваат на негово име родителите и тие редовно им читаат. Најредовен читател од средно образование е Ивона Бејковска.

146130476 884339725739571 88214730487712682 n

146244088 218280433354722 4209910688103413772 n

Меѓу најредовните читатели од категоријата на возрасни се: Розитка Тодоровска, Слободанка Ристевска, Споменка Илиевска, Сане Момчилов, Славица Тромбева и Белинда Сипкоска Гаштарова.

Слобанка Ристевска пензиониран социолог, која работниот век го помина во Бирото за развој на образованието во секторот за истражување и развој вели дека книгите ѝ ги исполнуваат пензионаерските денови.146443655 469943461052359 1358933116552450758 n

„Од 2004 сум во пензија и оттогаш сум активен член на Битолската библиотека. Летните месеци ги поминувам во Охрид и таму сум член на Библиотеката и од таму земам книги и читам. Тука во Битола месечно изнајмувам по четири книги и ги читам. Дневно читање ми е по 150 страници. Ми претставува читањето посебно задоволство. Се проширува видикот на знаење, се збогатува речникот. Јас водам евиденција во тетратка за секоја прочитана книга, прво го пишувам насловот, потоа авторот и број на страници. Во месецот читам над илјада страници , а годишно од 12 до 15 000 страници“, ни рече Ристевска.

Бидејќи по професија е социолог ја запрашавме за коментар за зачестеното гледање на турски серии кај нас отколку читање книга.

„Има време за се, па и за турски серии. По култура не се подарзбира само однесување, туку се што создава човечката рака. Нека гледаат и некоја серија, не би била со строга критика, туку би дала насока како да се гледа, дас се гледа мода, односи на релација браќа, односи на релација пријатели“, вели Ристевска.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани