2win800x200

Започна oбука на волонтери за изработка на пензионерска социјална карта

Февруари 05, 2021

Во пензионерскиот клуб при Здружението на пензионери во Битола денес започна обуката на волонтери коишто треба да бидат ангажирани за изработка на пензионерската социјална карта. Поради применување на мерките за заштита од пандемијата со ковид- 19, состаноците се одржаа во три наврати, а на истите стручно лице од Скопје ги изнесе основните параметри за како да се пополнуваат анкетните листови.

На отворањето присуствуваше и претседателката на Сојузот на Здруженијата на пензионери на Македонија, Станка Трајкова. Таа пред присутните ја нагласи потребата за што помасовно вклучување на членовите на Здруженијата на пензионери на Македонија во доставување на податоците кои ќе бидат од корист за нив.

Со анкетниот лист ќе треба да се констатираат одредени податоци како што се здравствената состојба на пензионерите, дали тие имаат основни средства за егзистенција или користат други извори на парични средства, потоа како ја одржуваат хигената во станот и лично, нивната набавка на намирници и плаќање на сметките, а ќе бидат опфатени и други податоци за евидентирање на животот на пензионерите.

Во пропишаниот образец се прибираат покрај другото лични податоци согласно Законот за заштита на лични податоци и правилниот за заштита на истите.

Со обуката раководеа претседателот на ИО на Здружението на пензионери Битола, Томе Димитровски и претседателот на Собранието, Крсте Белевски.  ова3

 

 
 
 
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани