АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Битолско семејство грижливо ја чува старата позната „Сингер“ машина за шиење, на која членовите се особено горди и емотивно врзани. Иако „Сингерицата“ е стара речиси 1 век, исклучуително добро ја чувале 5 генерации. Најмладата Јована Матевска Атанасова, машината ја наследила од нејзиниот чукун дедо кој ја купил во 1927 година за неговата сопруга и била наменета за домшна употреба, а до скоро била и во функција. Но, не само машината, грижливо е сочувана и сметката.
-"Фискална" сметка е од машината за шиење, марка Сингер, на прапрадедо ми, купена пред речиси еден век, конкретно во 1927 година. Најголема вредност за мене има генерациската оставина и особено сум горда на истата. Машината била купена за домашна намена, за прабаба ми Илинка, единица во семејството, која понатаму ја проследува во наследство на мојот покоен дедо, еден од петте синови. Оваа генерациска штафета нема да застане тука, особено зашто педантноста и љубовта кон изминатите децении ни се очигледно врежани како генетски код. Покрај оригиналната сметка ја имаме и машината, која верувале или не, беше во функција до пред извесно време, вели Јована за апла.мк