АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Tочно на првиот ден на пролетта тргна првата планинарска штафета од Пелистер со порака за мир, благосостојба. здравје, љубов. Групата планинари и вљубеници во природата и убавините на Македонија тргнаа со планинарската штафета која во следниот период ќе патува и ќе ги посети сите врвови кои овие планирари планираат да ги искачат.
„Преубав пример, како да се пренесе љубовта кон природните убавини, кои зрачат милина и здравје на младите генерации. Љубопитноста и храброста се сплотуваат за да се доживее природната убавина“, вели Гордана Угриновска, дел од тимот што ја носи планинарската штафета.
Македонскиот познат уметник, сликар, хуманист, Живко Поповски – Цветин иницираше и планинарска штафета која изобилува со планинарски мотиви. Со особено и нескриено задоволство група планинари од Битола ја прифатија иницијативата да се понеси планинарската штафета на многу планински места и врвови.
За таа цел Живко ја подари планинарската штафета и им подари многу цветни аражмани на групата планинари, Зоки, Љупчо, Ивона, Гордана, Марина, Валентина, Снежана, Ивица, Марија, Лина и Вероника, ученички од петто одделение, Биле, Кате, Петар, Златко, Жанета, Снежана, Горан, Славица, Александра.