АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Отпадот од поставените корпи за отпадоци низ градот, ЈП „Комуналец“ ќе го собира со специјално возило на електричен погон, чија потрошувачка е 6 денари на поминати 90 километри. Од таму најавуваат дека во наредниот период ќе набават уште вакви возила.
„Често граѓаните укажуваа, бараа од нас да се постават корпи за отпадоци на повеќе локации низ градот. Ние се обидовме на разлини начини, со зголемување на бројот на вработени, со сголемување на нивниот обем на обврски. Сега кончено го најдовме решението на проблемот, да може навреме да се острани отпадот од корпите со помош на ова воило. Наш вработено лице, секојдневно со оптимална рута на движење, ќе може да ги празни сите корпи за отпадоци низ градот“, изјави Панде Богоевски, директор на ЈП „Коминалец“.
Тој посочи дека станува збор за исклучително економично возило.
„Со едно полнење на батериите на ова мозило, може да се поминат 90 километри, а за тоа полнење се потребни 6 денари. Со ова покажуваме дека се грижиме и за животната средина и за трошоците на работа, а размислуваме и за проширување на опфатот и за набавка на уште едно или две вакви возила. Во вредност од помалку од еден милион денари е набавката на оваа електрична опрема, а оваа инвестиција се враќа уште првата година. За резервни делови, свеќици, бензин, масло тоа беше трошок од една цистерна гориво од 7-8 тони. Соега ќе имаме голема заштеда“, додаде Богоевски.
Паралелно со возилото, ЈП „Комуналец“ набави машини и алатки за косење, сечење и одржување на тревните површини на електричен погон.
„ЈП „Комуналец“ обваа година инвестираше и во делот на одржување на зеленилото, односно во електрични тримери, косилка која ќе ја користиме за косење на кружните текови, парковите и булеварите. Исто така набавена е и електрична пила за кастрење на гранки, а во нареднито период треба да стигне електрични машини за одржување на декоративните садници“, рече Никола Дамевски, советник за зеленило во ЈП Комуналец“
Градоначалничката Наташа Петровска рече дека општината заедно со јавните претпријатија ги осовременува средствата за работа и се во функција на заштита на животната средина.
„Овој континуитет е всушност надоврзување на се што сме правеле претходно во насока на заштита на животната средина, како низата зафати во институциите кои што се под надлежност на општината, како санација на покриви, фасади, промена на системи за греење, субвенционирање од општината за велосипеди, системите за греење во домовите на граѓаните. Веќе општината ги има навабено и деновиве треба да пристигнат превозните средства на метан. Сето ова покажува дека во еден ваков интегриран систам навистина делуваме доста добро, во насока на заштита на животната средина. Секогаш може повеќе да се направи како додадена вредност, но генерално политиките кои што ги водиме покажуваат дека се движоиме во насока која што е препознатлива во светски стандарди од аспект на животната средина. И денес потврдуваме дека домаќинското работење на општината и јавните претпријатија е видливо за сите граѓани“, рече градоначалничката Наташа Петровска.