2win800x200

Владимир Талески осуден на 8 години затвор преседе дома, цела година се чека Апелација да ја потврди или преиначи пресудата

Март 31, 2021

 

Екс градоначалникот на Битола, Владимир Талески кој е осуден на осум години затвор за криминалот со бесплатниот превоз цела година преседе дома.

На 31 март лани, Основниот кривичен суд во Скопје  со судијката Добрила Кацарска ја изрече првостепената пресуда за случајот „Транспортер“ кој го покрена СЈО против поранешниот градоначалник на Битола, Владимир Талески и уште 20 лица.

Предметот се однесува на злоупотреба на службената положба во врска со организирањето превоз на ученици во Битола.

И останатите 20 обвинети со  пресуда се прогласени за виновни. Меѓу нив се раководител на сектор во Оштина Битола во времето на мандатот на Талевски, поранешни директори на училишта и управители на фирми. Дел од нив добија затворски казни, дел условни.

Но и по една година се чека одлука на скопска Апелација, дали ќе ги потврди изречените казни или пак предметото ќе го врати на повторно разгледување. Дотогаш Талески преседе во домашен притвор. 

Талески во домашен притвор отиде уште во 2016 година кога СЈО го покрена предметот Транспортер

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани