2win800x200

Во Битола почна имунизацијата против КОВИД-19 на населението над 77 години

Март 31, 2021

Во 8 часот утрово отворен е  вакциналниот  пункт  во ОУ Даме Груев , со што во Битола  почна  вакцинацијата против КОВИД-19 на населнието над 77 годишна возраст. На еден пункт во две смени, два тима ќе вакцинираат по 100 граѓани на ден. Процесот тече без застој, велат од битолскиот  Здравствен дом.

vakcina1

-Имунизацијата на населението секако е една од главните алки во борбта против КОВИД-19. Денес во овој пункт започна редовната имунизација на населението над 77 години. Набавени се 1400 вакцини, но континуирано ќе се доставуваат и останатитите количини, а ние сме спремни, имаме тимови и услови да ја спроведемe имунизацијата. Вакцинирањето се врши со закажувањето преку матичните доктори, односно преку мој термин. Само на тој начин се врши вакцинирањето, бидејќи граѓаните треба да ги исполнуваат условите за да бидат вакцинираni, изјави др Весна Спирковска, директор на Здравствен дом Битола.

sterjovski

Универизитетскиот професорот во пензија и хроничарот на Битола, Александар Стерјовски, меѓу првите  ја прими вакцината на Астра Зенека и порачи дека ова е единствениот начин за спас од вирусот кој го тресе светот.

-Се потврди дека друг начин да се избегне ова зло нема освен да се прими оваа вакцина, токму поради тоа јас одлучив да се вакцинирам. засега добро се чувствувам, рече Александар Стерјовски

 На секои десет минути граѓаните доѓаат на пунктот да се имунизираат  закажени од матичните лекари со точна сатница преку „мој термин“

-Ова е спасот и на сите им поскакувам да дојдат да се вакцинираат за здравје. Одлучив  да се вакцинирам, мислам ќе биде добро, ќе се спасиме од ова чудо, велат битолчани.

Откако ќе ја примат вакцината, добиваат термин за ревакцина и потоа  остануваат уште петнаесетина минути за да им се следи сотојбата. Се се одвива според протоколите од Министесртвот за здравство

izjava

-Секој пациент доаѓа во свој термин, се запишува, дават изјава, влегува во пунктот. Администратор и доктор ги заведуваат во системот, отвораат картица, докторот го прегледува, потоа медициснките сестри го извршуваат вакцинирањето. Потоа сите тие протеокли во друга просторија пациентот 15 минути е времето на опсервација, а потоа секој пациент добива картица во која е закажана ревакцинацијата на пациентот, вели директорката Спирковска, директор на Здравствен дом –Битола.

весна

 Пополнети се сите термини за вакцинација до крајот на оваа недела, а веќе се полнуваат и за следната. Доколку има потреба ќе се отворат уште два пункта во амбулантата во училиштетото Тодор Ангелевски и во гимназијата Јоспи Броз Тито, а ќе се зголеми бројот на екипи кои го извршуваат вакцинирањето, велат од битолскиот Здравствен дом

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани