Модуларната болница во Битола во секој момент може да прими пациенти, рече Филипче

Април 02, 2021

Модуларната болница во Битола уште не е ставена во функција, но во секој момент може да прими пациенти, таа е најголема модуларна болница во државата, рече министерот за здравство Венко Филипче при денешната посета на Клиничката болница во Битола.

„Системот на модуларни болници опфаќа 19 објекти во 16 општини, во Битола три што го прави битолското Ковид одделение најголемово државата за да одговори на потребите согласно бројот на жители и пациенти кои се лекуваат во оваа болница позната и по историјата и по експертизата од многу области. Се соочуваме со пикот на досега најсилниот бран, голем број пациенти бараат и им е потребна соодветна здравствена заштита за што имаме целосна  консултација и координација со директорите на сите болници во државата, во групите за комуникација  прераспределба на пациенти, има доволен број на болнички кревети и секој пациент ќе ја добие соодветната здравствена заштита“, рече Филипче.

И покрај големиот прилив на пацинети, Болницата во Битола располага со два пункта во Ковид центарот, има уште 30 слободни кревети .

„Располагаме со сто кревети во модуларниот центар до сите има централен довод на кислород обезбеден, располагаме со соодветна терапија, немаме застој во добавувањата, ги имаме сите возможни лекарства што се за третман , дури и најновите лекарства што се даваат во клиниките во Скопје. Се надевам дека граѓаните ќе ги почитуваат мерките како не би дошле до ситуација дополнително да ги отвораме како капацитети зашто во моментот располагаме со доволно капацитети, распоредени во два пункта и имаме некаде 30 кревети слободни. Но, имајќи го во предвид напливот на пацинети од вчера во Битола мораме да бидеме спремни за да работиме, не смееме да дозволиме ни еден пацинет да биде вратен“, рече директорката на Клиничката болница Билјана Гагачовска.

Министерот запарашан дали треба да се воведат засилени мерки за заштита рече дека за престојните празници ќе разговараат инаку и во земјите со поригорозни мерки исто така има голем број на заболени.

„Во однос на престојните верски празници допрва ќе разговараме и ќе видиме дали Комисијата за заразни болести ќе препорача нови мерки, но да потсетам дека за време на минатогодишните празници имаше построги мерки, а сепак се појавија нови и нови пациенти, суштината е во почитувањето на веќе важечките мерки“, рече министерот.

„Ние имаме балансирани мерки, а споредувавме резултати од некои земји  кои имаа построги мерки, но и покрај тоа се соочија со силен бран, пример земји од Средна Европа иако не работеа ни реасторани, ни продавници огромен број на пациенти имаше што значи вирусот не ги поштедува ни тие земји понатаму. Оние земји кои воведоа полициски часови и карантини поостроги од нашите,  откако се појави бранот повторно не дадоа резултати. А таму има препораки доколку се почитуваат нема да има проблем. Овие балансирани мерки се една умерена рестрикција , комбинирани со индивидуалната одговорност“, рече Филипче.167772943 1333393660379633 498740374466663220 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани