2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

За да се искористи секоја доза, некој може да биде вратен за вакцинација следниот ден

Април 01, 2021

За да не се фрлаат неискористени дози со вакцини, неколкумина од граѓаните кои добиле термин за вакцинација во попладневните часови може да бидат вратени за следниот ден, појаснуваат од Здравствениот дом од Битола. Шишенцето со вакцина Астра Зенека содржи 10 дози и доколку на крајот од денот се отвори за еден до двајца граѓани останатите осум или девет дози не траат до следниот ден и треба да се фрлат. Со цел да биде искористена секоја доза, во услови кога низ цел свет има недостиг на вакцини, неколкумина граѓани можно е да бидат вратени за вакцинација следниот ден, но задолжително ќе бидат вакицинирани.

„Тие се влезени во ситемот и ќе бидат вакцинирани следниот ден, ќе ги повикаат од службите за вакцинација, не може да го изгубат редот и правото на вакцина. Но, мора да бидеме разумни, да се штедат вакцините, да не се фрлаат“, вели директорката за Здравствен дом Весна Спиркоска.

За два дена во Битола беа вакцинирани по 70 битолчани, вкупно 140. Според Мој термин, планирано е дневно да се вакцинираат во Битола по 100 лица над 77 години, односно да се искористат 10 шишенца со по 10 дози за да не остануваат отворени за следниот ден. Но, се случува некои што се пријавиле да не дојдат на терминот и така наместо бројот на вакцинирани лица да биде изразен во десетки, останува на крај за неколку заинтересирани граѓани да треба да се отвора шишенце, а преостанатите дози да се фрлат. За да не се случува тоа, на граѓаните им се кажува да дојдат следниот ден.

Од Здравствен дом додаваат дека со оглед на тоа што се работи за повозрасна популација и доаѓањето во пунктот за вакцини „Даме Груев“ за некои е мачно, доколку има неподвижни лица можат да се договорат со екипите за вакцинирање, дома да му ја стават вакцината.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани