АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Тешка е состојбата со заболените во Ковид центарот во Битола каде дневно се трошат до 1,5 тони кислород. Хоспитализирани се 117 пациенти од Битола и регионот и речиси сите имаат тешка клиничка слика и потреба од кислородна поддршка, потврдува за Апла.мк д-р Билјана Гагачовска директор на Битолската клиничка болница.
Во текот на едно деноноќие во Битола се хоспитализирани 9 пациенти, а биле испишани 14 паценти. За среќа досега немаме починати пациенти во текот на ноќта.
Директорката Гагачовска потврдува дека Модуларната болница е подготвена, а согласно потребите се очекува во текот на оваа седмица да се започне со прием на пациенти