АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Се забранува движење на граѓаните од 20 часот навечер до 5 часот наутро од утре, 6 април до 20 април годинава. На граѓаните кои извршиле вакцинација за временскиот период непосредно пред почетокот на забраната ќе им се дозволи враќање до своите живеалишта, престојувалишта, врз основа на потврда за извршена вакцинација. Целосна забрана за посетители во сите усостителски објекти, кафетерии, ресторани, клубови и други објекти кои во склоп даваат угостителски услуги, како и во угостителски објектри за исхрана во мотели, хотели или на бензиски станици. Оние угостителски објекти кои вршат подготовка и продажба на храна може да вршат продажба на алтернативни начини онлајн и по телефонски нарачки и сите заедно да вршат достава или да овозможат самостојно подигање на нарачката вон угостителскиот објект преку штанд, пункт почнувајќи од среда.
Исклучок се угостителските објекти на аеродромот во Скопје, Охрид и делови за исхрана во во мотел, хотел, хостел, пансион за лица сместени во овие објекти. Целосна забрана за посетители на обложувалници, работата да се врши исклучиво на шалтерска услуга, штанд, пункт, угостителскиот објект што е дел од обложувалници и казина да биде затворен од 7 до 20 април.
Целосна завбрана за посетители во сите вежбални, фитнес клубови, спортски центри и сали наменети за вежбање од овој вторник до 20 април.
Се забранува организирање, присуство и учество на семинари, работилницви, курсеви и други настани од ваков тип, ги соопштија од Владата новите рестриктивни мерки.
Министерот Филипче изјави дека ваквите мерки се поради зголемениот број на заболени со ковид-19 и бројот на починати, како и оптовареноста на здравствениот систем.