Блиц интервју со Јулијана Ивановска, директор на Старскиот дом „Сју Рајдер“ Битола

Април 09, 2021

 

Апла-Како се справувате со ситуацијата?

Ивановска-Максимално сме  посветени на здравствената состојба на корисниците и персоналот. Почитување на протоколите за работа во време на пандемија. Почитување на препораките на Министерството за здравство МТСП, и Центарот за јавно здравје- Битола. Одржување дистанца носење маски е составен дел од нашето работење на дневна основа. Дезинфекција на целокупниот простор на Домот еднаш во месецот од страна на Центарот за јавно здравје. Дезинфекција еднаш неделно од наша страна како институција (имаме лице задолжено за дезинфицирање на заедничкиот простор). Обезбедивме заштитна опрема маски, капи, визири дезинфекциони средства и се друго што ние  е потребно за непречена работа. Задолжително правиме мерење на температурата и тоа два пати дневно и на персоналот и на вработените.

д3

Апла-Колку имате згрижено штитеници и дали имате нови приеми во текот на пандемијата?

Ивановска-Во моментот имаме 152 штитеника. Сместувањето е редуцирано со претходно направен ПСР тест и задолжителна изолација од 14 дена.

 

Апла-Дали вратите на Домот се затворени за посета? Како тоа го поднесуваат штитениците, да не си ги гледаат блиските, внуците подолг период?

Ивановска- Вратите се затворени, а  посетите се забранети, корисниците веќе една година сфатија дека тоа е најдобро и најбезбедно за нив и нивното здравје. Но во исклучителни случаеви ги носиме корисниците до врата за да се видат со своите блиски.

 

Апла-Дали сакаат да се вакцинираат штитениците? Каков е интересот?

Ивановска- Веќе се изработени списоците за вакцинација на корисниците и интересот беше голем. Исто така списоците за вакцинација на персоналот се изготвени, првата група на здравствени работници  се вакцинира денеска.

д1

Апла-Каква е состојбата, организацијата на самите вработени? Колку вработените ја поднесуваат оваа ситуација, работа со часови со заштитни маски?

Ивановска-Вработените ги вложуваат сите напори за успешно функционирање на институцијата, тоа се луѓе професионалци обучени и искусни во својата професија кои деноноќно се справуваат со предизвиците кои ни ги носи оваа страшна болест.

 

Апла-Каква е смртноста кај вашите штитеници пред ковид кризата, а каква е сега?

Ивановска-Смртноста пред пандемијата беше поголема, во 2019 година имавме отколку 170 починати штитеници на годишно ниво, додека за време на пандемијата, лани во 2020 година, починаа околу 90 наши штитеници. Самите бројки кажуваат многу.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани