АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
По кратко боледување денес на 73-годишна возраст почина познатиот битолски адвокат Васко Ѓоргиев. Беше еден од најбараните и најреспектирани адвокати во земјава. Учествуваше како адвокат во судски процеси кои предизвикуваа голем јавен интерес, тоа беа случаите со судењето на Бојку Леку, Вранишковски, Душко Илиевски и многу други. Целиот живот го посвети на адвокатурата и беше еден од најтранспарентните адвокати во земјава кој редовно соработуваше со новинарите. Годинава требаше да слави 40 години плодна адвокатска дејност.