Кардиохирургот, битолчанецот Дејан Димитровски и дел од тимот на УК за Државна Кардиохирургија кој вчера ја изврши втората трансплантација на срце во државата!
Тимот на УК за Државна Кардиохирургија - ова е фотографија за паметење.
Покажавме уште еднаш како нација и како тим на лекари дека во сите од нас постои огромна хуманост.
Вечерва едно семејство го изгуби најмилото, но ја подари највредната човечка работа - хуманоста и филантропијата, ги даруваа органите на својата ќерка за да спасат други животи.
Денес на УК за Државна Кардиохирургија е извршена втората трансплантација на срце во државата, кај 21 годишен пациент, пишуваат од тимот на УК за Државна Кардиохирургија .