2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Не попушта притисокот врз битолската болница од хоспитализации со ковид-19

Април 19, 2021

 

Не попушта притисокот врз битолската болница, која и натаму е со најголем број хоспиатлизирани од градовите во внатрешноста. Во последните 24 часа имало 15 приеми, со што вкупно на болничко лекување има 151 пациент, заболени од ковид-19.

Од болницата информираат дека слободни места има, но исто така, очекуваат наскоро да се намали бројот на хоспитализации.

-Се уште притисокот за хоспиталзиации и во амбуланта држи исто ниво, со лесно намалување. Ова се тестираните од претходните седмици кои појавуваат симптоми и доаѓаат на прегледи, очекуваме ако продолжат овие бројки на намалени новодијагностицирани дека од следната седмица ќе започне да намалува притисокот во Ковид-центарот, вели Билјана Гагачовска, директор на Клиничка болница-Битола.

Хоспиталираните се со тешка клиничка слика, поголемиот дел на кислородна подрршка, но за разлика од претходно сега се подига старосната граница, а потрошувачката на кислорд и натаму е висока и достигнува до три тони на ден.

-За жал повеќето пациенти се многу тешка клиничка слика, доѓаат во многу тешка сосотојба или за ден два од појавата на симптомите развиваат тешка клиничка слика, но се бележи разлика во возрасната граница. Имајќи предвид дека до пред десетина дена имамвме хоспиталзиации на помлада популација, овие десет дека се хоспиталзираат повзрасни пациенти во тешка здраствена сосотојба, вели Гагачовска.

Битола после Скопје има најголем број на активни слуачи- 1300.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани