2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

По подолго време повеќе испишани од примени пациенти во Ковид-центарот во Битола

Април 20, 2021

 

За првпат по подолго време бројот на испишани, оздравени пациенти од Ковид-центарот во Битола во едно деноноќие е поголем од бројот на примени лица позитивни на коронавирус чија состојба е влошена. Битолскиот е најголем Ковид-центар по скопскиот , каде има и најголем број на хоспитализирани пациенти од сите градови во внатрешноста.

„Имаме вкупно хоспитализирани 134 пациенти во Ковид-центарот, примени се 11 нови лица, а испишан 25. По долго време првпат имавме повеќе испишани од примени пациенти на дневна основа, но притисок сеʹ уште има врз болницата поради големиот број на хоспитализирани со ковид-19. Очекуваме од следната седмица да започне да опаѓа бројот на хосипитализирани доколку се задржи трендот на полмал број на новодијагностицирани позитивни пациенти на дневна основа во Битола“, рече директорката на Клиничката болница во Битола, Билјана Гагачовска, напоменувајќи дека ова се утрински бројки кои во текот на денот се променливи.

Во Битола во последните 24 часа починаа три лица на возраст од 64,79 и 84 години. Иако бројката на заразени лица последните денови е намалена во однос на почетокот на април кога секој ден се бележеа над сто новозаболени, сепак по Скопје во Битола е со најголем бројот на активни случаи и изнесува 1236. Само во текот на април од коворнавирус се заразиле 1312 битолчани.

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани