АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Градоначалникот на Општина Новаци, Љубе Кузманоски заедно со дел од вработените од општинската администрација денеска беа во посета на ЈЗУ Клиничка болница „Др. Трифун Пановски” - Битола каде што извршија предавање на донацијата од Општина Новаци за регионалниот ковид центар во Битола.
На 69. седница Советот на Општина Новаци на иницијатива на советничката група на СДСМ - Новаци, донесе одлука дел од средствата предвидени за прослава на денот на општината да ги пренамени за донација во регионалниот ковид центар во Битола.
Денешната донација опфаќа 50 ќебиња, 50 чаршафи, 50 перници и 50 навлаки за перници.
Директорката на битолската болница Др. Билјана Гагачовска се заблагодари за денешната донација, за што рече дека е од особено значење во периодот кога регионалниот ковид центар во Битола имаше зголемен прилив на хоспитализирани пациенти.