АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Почетокот на празниците и топлото време денес ја раздвижија Битола. Улиците беа полни со луѓе кои ги завршуваат последните подготовки пред големите празници, а и летните бавчи и терасите од кафулињата кои почнаа да работата од средата беа полни гости, без слободна маса. Во повеќето се почитуваа мерките за заштита.
Маркетите со храна исто така беа полни со купувачи. Дел од нив носеа прописно маски, а дел ги носеа под носот, но ретко каде некој опоменуваше.
Утре е Први мај, а од недела до вторник верниците го слават Велигден, голем христијански празник. Добар дел од битолчани кои не живеат во Битола се враќаат дома за празниците да ги поминат во родното место со блиските. Широк Сокак се очекува и следните денови да биде полн со народ.