АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Велипеток се празнува со свети литургии и со читање извадоци од евангелијата од делот кој ја опишува неделата на страдањата на Синот божји. Митрополитот преспанско-пелагониски г. Петар денес отслужи Царски часови, како и вечерна богослужба, во соборниот храм „Свети Великомаченик Димитриј“ во Битола. Во храмот се изведе и обредот на симболично погребување на Исус така што платното наречено плаштеница се положи врз посебно подготвен симбол на Христовиот гроб. Верниците имаат обичај да минуваат под плаштеницата и на тој начин да укажат дека сочувствуваат со страдањето на распнатиот Исус. Годинава поради заштитните мерки од пандемијата покривката беше изнесена во дворот на црквата заедно со украсената маса која го симболизира гробот на Христос.
Православниот канон за Велипеток предвидува строг пост со вода, а многу верници на тој ден не пијат, ниту јадат до зајдисонце. За овој ден Црквата пропишува најстрог пост, денот да помине без јадење и пиење (освен за немоќните и престарените), во знак на таговно сеќавање за страдањето на Исус. Покрај постот, на денот на христијанската жалост не се работи по дома, ниту на поле.