Грешат оние кои не се вакцинираат, порача доктор во пензија на стартот на масовната вакцинација во Битола

Мај 04, 2021

Димитар Вељанов, пензиниран доктор специјалист кој 35 години поминал на Одделението за рендген во Битола, денес беше меѓу првите битолчани кои се вакцинираа со кинеската вакцина „Синофарм“ на Регионалениот пункт за вакцинација во Битола. Пунктот се наоѓа во спортската сала на Медицинското училиште каде започна масовната вакцинација на жители од пет пелагониски општини Битола, Прилеп, Демир Хисар, Крушево и Македонски Брод.

„Вакцинацијата е неопходна за заштита на населнеието, победата над оваа пандемија, да има слободно движење на населението. Се вакцинирам зашто сакам да сум на нога здрав и жив. Апсолутна грешка е тоа што некои не сакаат да се вакцинираат, треба секој да се вакцинира, она што нуди здравствената наука добро е секој да ја претпочита“, рече доктор Вељанов.DOKTOROT

Меѓу првите што се вакцинираа во Битола беа повозрасни лица, кои на вакциналниот пункт дојдоа со придружба.

„Се вакцинирав за да не се заразуваме. Не се движев многу меѓу луѓе изминатите месеци и дома со маска си седам“, рече Даница Христовска од Битола.

Вакцинацијата започна нешто по десет часот зашто тогаш беа закажани првите термини. Во Регионалниот пункт ангажирани се здравствени работници од Здравствениот дом во Битола и членови на Црвениот крст.

„Околу 910 термини се закажани за денеска. До петок веќе се распределени на дневна основа по 950 термини за вакцинирање. Ова не е крајна информација зашто во текот на деновиве според заинтересираноста на населението можат тие термини да се зголемуваат секој ден и да бидат различни бројките. 5100 кинески вакцини стигнаа вчера и во текот на утрешниот ден според потрошувачката така и ќе се доставуваат новите вакцини“, рече Весна Спиркоска, директор на Здравствениот дом во Битола.

Ќе се вакцинираат оние граѓани кои се пријавиле на интернет страницата vakcinacija.mk како и здравствени работници кои до сега не примиле вакцини. Распоредот на термините оди според возраста. Во текот на оваа недела се вакцинираат лица од повозрасната популација, а во петок ќе се направи пресек и ќе се спушти старосната граница.181372219 1355770931473408 4095355447652962166 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани