АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во првото тромесечие од 2021 година СВР Битола издала вкупно 4628 налози за непочитување на мерката носење лична заштита, односно маска, по член 28, став 6 од Законот за заштита на населението од заразни болести . Исто така во првото тромесечие од 2021 година биле извршени 4062 самостојни контроли и констатирана била една нерегуларност и 1165 контроли во содејство со Државниот пазарен инспекторат на угостителски и други деловни објекти и констатирани биле 4 нерегуларности.
За наведениот период вкупниот број на извршени кривични дела бележи намалување за 3,7 проценти. Вкупниот број на поднесители на кривични пријави бележи зголемување за 5,2 проценти, бројот на откриени сторителие е зголемен за 10,9 проценти, а ефикасноста бележи исто така зголемување за 20 проценти.
Најголем број од кривичните дела се од областа на класичниот криминал 599, економски 52, и недозволена трговија 27.
Од областа на нарушување на јавниот ред и мир констатирани се 145 прекршоци и поднесени 149 барања за поведување на прекршочна постпка.
Во намалување е бројот на сообраќајни незгоди за 8,5 проценти во споредба со истиот период од претходната година. Мерките преземени од страна на сообраќајната полиција се во зголемување, констатирани се 6136 прекрошци, а поднесени се 2488 барања за поведување на прекршичкна постапка од областа на сообраќајот.