Се зголемува интересот за вакцинација

Мај 07, 2021

Се зголемува интересот за вакцинација. Како што утрово објави министерот за здравство, Венко Филипче, само во текот на вчерашниот ден се вакцинирани 12 606 граѓани од кои 10 135 прва доза а останатите ревакцина.

Во Битола пак, вчера се вакцинираа 866 граѓани, од пријавени 1358. Во првите три дена вкупно се имунизрани 2130 во Регионалниот вакцинален центар во Битола.

Во државата пак, досега се вакцинирани 84312 граѓани, а согласно последните бројки 28% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина.

„Апелирам граѓаните масовно да се пријавуваат на vakcinacija.mk и да се вакцинираат. Со ова темпо на вакцинација и капацитетите кои постојано ќе ги надградуваме имаме можност за релативно брзо време да постигнеме добар колективен имунитет“, напиша министерот за здравство утрово на ФБ

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани