2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Смарт табли и дидактички материјали донирани во ОУ „Климент Охридски“

Мај 12, 2021

 

Смарт табли и дидактички материјали за развој на знаењата, фината моторика, а со тоа и полесна социјализација во училишната средина, донираше денес Фондацијата „Чекор по чекор“ во Основното училиште „Климент Охридски“ во Битола. Ова е дел од ЕУ проект за инкузивни училишта преку кој се обезбедени стипендии за 450 основци во земјава, меѓу кои има и деца со попрчености, од кои две учат во ова битолско училиште. За да се обезбеди донацијата со дидактички материјали помогнаа и од домашни донатори, меѓу кои и НЛБ Банка и Општина Битола. Донацијата беше вредна 2400 евра. 

„Се посветивме на опремување на две училници во кои учат двете стипендистки. Покрај интерактивната табла која е со софтвер наменет за сите предмети, за индувидуална и групна работа со учениците, може да се користи онака како што наставникот ќе утврди дека е од најдобар интерес за децата, и дидактичките материјали ќе помагаат во равојот на фината моторика и можат да се користат за изучување на математиката, за задржување на вниманието и мотивацијата кај децата. Веруваме дека ќе им помогнат и во процесот на учење и во станувањето дел од една ученичка заедница како рамноправни членови“, рече Елена Мишиќ, раководител на проектот „Биди ин , биди инклузивен, биди инклудиран“.

За стипендија може да конкурираат и ученици кои ќе започнат прво одделение во септември. За да се запознаат со условите, родителите треба да ја посетат страницата „Чекор по чекор“ и да се обратат до стручните служби во училиштата.185317416 459483675118859 8046625258193431569 n

Директорката на училиштето Гордана Атанасова рече дека имаат 15 ученици со кои се работи со индувидуален образован план и дека набавените нагледни средства ќе дадат придонес во наставата, посебно во изучување на букви, броеви и развојот на моториката на рацете.

„Нашето училиште води многу грижа за спроведување на принципот за инклузивност за еднаков пристап на сите ученици во образованието. Добивме дигитална смарт табла и нагледни средства, асистивна технолгија која ќе даде голем придонес во наставата на учениците со попречности, но исто така ќе најдат примена и кај сите ученици. Вклучени сме и преку проект на Општина Битола и за дел од тие 15 ученици имаме и образоивни асистенти. Кај децата што се со физичко присуство образованите асистенти доаѓаат на час со ученикот, а другите работат онлајн со учениците“, рече Атанасова.

Андријана Шокларовска специјален едукатор и рехабилитатор во училиштето додаде дека горда е што во овие 10 години можат да кажат дека се целосно инклузирано училиште кое е по мерка на детето.

„Имаме секаква опрема и можности за да ги вклучиме децата со потешкотии во образовниот процес заедно со останатите деца. И пред пет години имавме проект преку кој добивме асистивна технологија и има многу голем напредок во нивниот развој, особено на фината моторика и емоционалниот развој“, рече Шокларовска.185026907 163178829147098 3377709974841987530 n

Општина Битола е кофинасиер во проектот „Биди ин , биди инклузивен, биди инклудиран“, а градоначалничката Наташа Петровска рече дека инклузивните политики се присутни во секое училиште и дека сите ние сме богати токму поради различностите.

„Нема ништо поважно од вложувањаето во училиштата каде што е развојот на нашата иднина. Вложувањето не е само во инфраструктурните зафати во самите објекти туку подразбира и вложување во човечките ресурси, во нагледните средства кои се многу важни за целокупниот процес кој се случува во овие институции“, рече Петровска.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани