2win800x200

Обезбедени 5 милиони денари за нови проекти во Општина Новаци

Јуни 03, 2021

 

Градоначалникот Љубе Кузманоски го потпиша Договорот за доделување на средства во висина од 5.154.590 денари со Министерството за животна средина и просторно планирање кои ќе бидат искористени за финансирање на 7 нови проекти и тоа:
-Изградба на тротоари во с.Далбеговци
-Изградба на тротоари во с.Долно Агларци
-Изградба на атмосферска канлизација во с.Горно Агларци
-Изградба на пешачка патека во с.Старавина
-Изградба на тротоари во с.Градешница
-Изградба н брана во с.Брод
-Партерно уредување во с.Живојно
За сите овие планирани проекти веќе во тек се тендерски постапки и истите ќе бидат реализирани во текот на летната градежна сезона.
Станува збор за распределба на средства остварени по основ на надоместок за производство на енргија од фосилни горива како наменски дотации како и по Програмата за унапредување со животната средина во однос на влијанието од енергетскиот сектор во Општина Новаци.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани