2win800x200

Незаборавна драматизација на учениците од II-3 клас од ОУ „Коле Канински“-Битола

Јуни 05, 2021

 

Прекрасна драматизација како од бајките, на лектирата „Снежана и седумте џуџиња“  изведоа учениците од  II-3 класот под раководство на наставничката Лидија Павловска од ОУ „Коле Канински“-Битола  и покажаа дека и во услови на пандемија, желбите и креативноста на учениците може да се реализираат. Со многу труд и посветеност на наставничката, учениците и на нивните родители претставата беше одиграна минатата недела, а наскоро видео снимката ќе биде достапна и на јутјуб каналот. Изведбата на драматизацијата е дел од апликацијата за проектот Инклузивно образование кој го споведува Здружението за асистивна технологија „Отворете ги прозорците“, финансиран од Детската фондација „Песталоци“ од Швајцарија.  

Самите фотографии говорат со каква посветеност и емоции учениците ја одиграа претставата за Снежана и џуџињата соживувајќи со бајката која ја слушаат од најмали нозе. Секоја чест за подготвената сценографија и костимографија за која несебично се вложија наставничката и родителите. Наставничката Павловска во изјава за Апла.мк вели дека е задоволна и среќна на успехот со кој  се реализира оваа драматизација и им благодари на сите кои помогнаа во овој проект. 

Нема достапен опис

-Со моите ученици кои се второ одд.,оваа учебна година ја реализиравме лектирата „Снежана и седумте џуџиња“, и дојдовме до идеја истата да ја драматизиравме. Улогите заеднички ги распоредивме на сите 18 ученици: четири беа Раскажувачи, Кралот и Кралицата, Лошата маќеа, Снежана, Огледалото, Ловецот, Седумте џуџиња и Принцот. Но, поради отсуствата со пандемијата оваа идеја не можевме да ја реализираме. Кога на почетокот на месец мај се собравме дел од инклузивниот тим за аплицирање на проектот, се избра да се направи училишен весник кој ќе биде промовиран на Денот на училиштето. Исто така предложив да ја подготвам со моите ученици театарската претстава „Снежана и седумте џуџиња“ како дел од апликацијата. За таа цел на родителски состанок ги информирав родителите за активноста, тие се согласија да ја подготвиме претставата и да помогнат околу костимографијата и поставувањето на  сцената во просторот. Исто така најголема заслуга за сцената има Жанета Волчевска, која работи во нашето училиште, а за снимањето се потруди наставникот Томе Влашевски. Две недели напорно се работеше, а потоа беше СЕ како во бајка. Децата возбудени правеа и грешки, но лесно не се станува актер, им велам на шега.  Проектот заврши успешно, изјави наставничката Лидија Павловска од ОУ „Коле Канински“-Битола, одделенски раководител на II-3 класот. 

 

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Нема достапен опис


Нема достапен опис

Нема достапен опис

Нема достапен опис
Нема достапен опис

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Нема достапен опис

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани