2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Спомен бисти на партизаните пак се потурени со боја, битолските борци бараат да запре ваквиот вандализам

Јуни 07, 2021

По точно една година, дел од спомен-бистите на партизаните на Шеталиштето во Битола повторно се обоени.

 

Непознати сторители ги потуриле со боја  бистите на Фана Кочовска Цветковиќ, Вангел Нечевски Тунелот, Славко Лумбарковски, Трајан Белев, Богоја Фотев, Коле Лачето, кои се дел од алејата на спомен обележјата на учесниците во НОБ. На идентичен начин, речиси истите бисти, лани на 23 јуни беа потурени со боја.

"Општинскиот одбор на Сојуз на борци од Битола остро ги осудува овие дејствија и апелира истите да престанат", се огласија Битолските борци.

Ова не е првпат да се уништиваат спомен бистите на партизаните. Се случувало во повеќе наврати да се сквернават, обезглават или  искршат, но, досега не е откриен ниту еден сторител на вакви вандализми.

FB IMG 1623102056024

FB IMG 1623102053144

FB IMG 1623102050458

FB IMG 1623102043849

FB IMG 1623102041352

FB IMG 1623102038447

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани