Имаше 170 хоспитализирани со ковид-19, сега само 10, оптовареност на Интерното одделение поради пациенти со пост-ковид последици

Јуни 07, 2021

Од 170 хоспитализирани пациенти колку што имаше Ковид-центарот во Битола за време на најголемиот бran, бројот на болни падна на 10, поточно на 9 потитивни лица кои се лекуваат болнички и едно лице сомнително на коронавирус. Намален е и пристиокот со прегледи во амбулантите, и во триажната и во ковид амбулантата.

„После оној голем бран кога стигнавме до бројка од 170 хоспитализирани пациенти, ова сега дојде како пресекување со нож, нагол пад на бројката на позитивни случи. Сепак, ова не е крајот. Да не заборавиме дека пандемијата не е завршена, уште треба да внимаваме, да ги почитуваме препораките. Населението во што поголем број да се пријави на страницата вакцинација.мк. Единствен излез од оваа ситуација ни е вакцинирањето и постигнувањето на колективен имунитет“,рече Билјана Гагачовска, директорка на Клиничката болница во Битола.

Болницата се врати во редовен режим на функционирање, но сега поголема е оптовареноста на Интерното одделение поради наплив на пациенти со пост-ковид последици.

„Не се менува силината на вирусот, во моментот пациентие се со малку подобра клиничка слика имајќи предвид дека се хоспитализирани подолг период. Но, сите биле со потешка клиничка слика која барала хоспитализација и болничко лекување. Сега имаме поголема оптовареност на Одделението за интерена медицина бидејќи многу од пост-ковид состојбите прават компликации од интернистичка природа кои бараат подолготрајно лекување. За среќа, започна и со пост-ковид рахабилитација за пацинетите и Заводот во Отешево. Дел од пациентите се упатуваат таму кои се со лесна и средно –тешка слика на компликации“, рече Гагачовска.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани