Дождот оштети коловози, затна шахти, предизвика поплави, надлежните велат се интервенира на терен

Јуни 09, 2021

Поројните дождови кои ја зафатија Битола попладнево предизвикаа оштетувања на коловози, затнување на шахти, поплави на дворови, куќи и продавници. Едни од најкритичните точки беа на Бајрот каде низ улиците течеа реки и се слеваа во пониските делови предизвикувајќи поплави на продавници и дворови. Исто така беше проблематично и во Арнаут маало каде исто така беа поплавени објекти. За кратко време наврнаа 15 литри дожд на метар квадратен. За споредба во јануари годинава кога од дождовите надојде реката Драгор и однесе дел од потпорниот ѕид беа наврнати 17 литри на метар квадратен за 24 часа.

„Поради поројните дождови на некои места имаше оштетување на коловозите и веќе се санирани. И на сите места каде имаше запушување на канализацијата се отстранети дефектите. Со пумпи се испумпува по пријави на граѓани. Екипите се на терен“, рекоа од ЈП Нискоградба за Апла.мк.

Од Општина Битола на нивната официјална интернет страница соопштија дека градоначалничката посети повеќе улици на кои дождот остави последици во домовите на граѓаните. Се работи за поплавени улици на кои инфраструктурно не е делувано со децении.198807056 2825034624428703 3098415640234716632 n

„Локалната самоуправа ќе преземе конкретни мерки во поддршка на семејствата по оваа состојба, но истовремено со следните програми и планови ќе реализира конкретни инфраструктурни проекти и на овие локации, со цел ваквите појави во општината да станат минато“, соопштија од Општината. 197499449 2825034487762050 5969339711530798391 n


196227770 3770810713046529 1511556978825951430 n

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани