АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Што се направи, а што не во спортот, а беше ветено- ова беше дел од дискусијата на денешната сеница на Совет. Советниците од ВМРО-ДПМНЕ критикуваа дека власта не го исполни ветувањето за изградба на мултифункционален спортски клуб, а советниците од владеачкото мнозинство им возвратија дека го нема спортскиот комплекс, но затоа пак 36 милиони денари вложија во спортот во градот со што Битола денес има успешни спортки екипи, стадионот се гради, а реконструктивни зафати се изведоа и во Спортската сала.
„Градоначалничката изјавуваше во Битола ќе изградиме мултифункционален спортски комплекс, потенцирам ќе изградиме. За ова нема ни дискусија во јавност, нити се предвидуваат средства, нема ни со овој ребаланс на средства значи ветување ветер во магла“, рече Николче Јанкуловски, советник од ПОДЕМ.
Координаторот на советницте од советничкото мнозинство предводено од СДСМ, Методија Илиевски возврати дека за годинава беше донесен најголемиот буџет за спортот, а со ребалансот се издвојуваат уште 22 милиони денари за завршување на комплетниот изглед на трибината, а исто така и 6 милиони денари за поставување на нов систем на греење во Спортската сала.
„Да, го немаме мултифункционалниот спортски комплекс , но направивме многу за спортот и во инфраструктурата и за овозможување на услови за успех на нашите спортски екипи. Во програмата за спорт на почетокот на годинава за буџетот за 2021 година имавме околу 32 милиони денари предвидено и тоа беше најголмата програма за спортот што ја носи општина Битола. Но, малку беа тие парти и затоа со овој ребаланс даваме дополнителни 4 милиони денари да го потврдиме успехот на сите наши екипи зашто ракометот е на највисоки можни рамки, фудбалот е стабилен првбологаш и овие 4 милиони денари ќе бидат за него и повторно да го гледаме фудбалот во првата лига. Кошарката знаеме дека забележа успех. Сето тоа е успех на општината зашто ги потпомогнавме тие екипи“, рече Илиевски.
-Ја продолживме изградбата на стадионот , денес со овој ребаланс одвојуваме 22 милиони денари за да го завршиме комплетниот изглед на трибината која се гради, а тоа е за поставување на столчиња по исте стандарди што ги налага ФИФА и УЕФА. Околу 5000 столчиња таму ќе бидат поставени до крајот на годината. Спортската сала знаеме во каква катастрофална состојба беше, откако ја променивме дограмата и покривот, денес одвојуваме 6 милиони денари за поставување на нов систем на греење-, рече Илиевски.