Министерството за локална самоуправа ќе даде финансиски средства за подготвителни активности на реконструкција на Битолското кале.
-Со директорката на Музејот во Битола, Мери Стојанова, го потпишавме договорот за подготвителни активности на реконструкција на Битолското кале.
Ќе започнеме со конзерваторски истражувања кои опфаќаат археолошки истражувања, физички и хемиски анализи, историско уметнички анализи.
Со истражувањето ќе се утврди точната година на градба, проширување на истражуваната област, обезбедување на сите потребни дозволи за изведување на реконструктивни активности и градба, пишува министерот Горан Милевски.
Со ставање во функција со содржини и пристап, кои се неопходни за привлекување на туристи, Битола, град со 1000 годишна традиција, ќе добие уште една примамлива дестинација која ќе привлекува туристи и ќе ја збогати конкурентноста на регионот, додава тој .
Кале —
археолошко наоѓалиште во
Битола. Претставува
населба од
среден век. Се наоѓа во непосредната близина на градот, од северозападната страна, на висок рид што доминира над околината и има надморска височина од 894 метри, каде има две зарамнети платоа, со површина од околу 500 × 190 м, на кои се среќаваат остатоци од градежен материјал (речен и кршен камен, варов малтер, тули и имбрекси), како и фрагменти од керамички садови.