2win800x200

Денеска до 41 степен, активиран жолт метео-аларм

Јуни 30, 2021

 

Времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен, а во западните делови умерен до засилен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната од 34 до 41 степен. Согласно вредностите на прогнозираните температури на целата територија ќе биде активирано жолто ниво на опасност од високи температури. УВ=9.

Во Скопје сончево и многу топло со мала облачност попладне. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе биде околу 20, а максималната ќе достигне 39 степени.

 

ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: До четврток времето ќе биде сончево и многу топло со температури кои на југоистокот и вдолж Повардарието ќе бидат околу 40 степени. Согласно очекуваните вредности на температурата насекаде ќе биде активирано жолто ниво за опасност од високи температури. Од петок температурата ќе се намали, облачноста повремено ќе се зголемува и ќе има појава на локален дожд и ретки грмежи.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани