Уште во најава отворањето на граничниот премин Меџитлија, од МВР немаат официјално известување дека се отвора

Јули 01, 2021

Иако од грчка страна беше најавено дека Меџитлија од денес ќе проработи, жители од Битола кажуваат дека преминот уште е затворен.

,,Од денеска се отвораат  сите копнени гранични премини со соседните земји, меѓу кои и Меџитлија и Дојран ", соопштија од канцеларијата на грчкиот премиер во Солун, а пренесе државната агенција МИА. Копнените граници ќе работат 24 часа. 

 Сепак граѓани кои денес се обидоа да влезат во Грција преку Меџитлија кажуваат дека биле вратени назад и дека преминот ќе почне официјално да работи во следните денови.
Од МВР велат дека уште не добиле известување од грчка страна дека граничниот премин се отвора. Преминот функционира од македонска страна, но за да има проток на патници треба да се отвори и од грчка.   

 

Граничниот премин Меџитлија беше затворен цела година поради мерки за претпазливост од ширење на корона висрусот.  .

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани