АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Голем пожар зафати хангар со градежни материјали на Индустрискиот пат во Битола. Освен што е причинета голема материјална штета, нема повредени. Во пожарот изгореа панели за градба и други материјали, поради што причинета е голема материјална штета на реномирана градежна компанија од Битола.
Од пожарната велат дека прво се слушнала експлозија, а пожарот почнал од камион паркиран до хангарот, а потоа се проширил и на објектот.
„Интервениравме со три возила кои седум до осум пати се полнеа со вода од хидранти, а во гаснењето учествуваа и 15 пожарникари. Пожарот е ставен под контрола“, изјави за Апла.мк началникот на Битолската противпожана единица, Горан Димкоски.
Пожарникарите остануваат на терен за да се држи ситуацијата под контрола зашто во близина има и други компании, пилана за дрва и автобуси со масло што во случај на проширување на огнот би предизвикало вистинска катастрофа. Од пожарната смируваат дека место за паника нема и дека пожарот е ставен под контрола.