На над 50 локации во градот се направени паркови, од кои најголемиот број се збогатени со детски реквизити, а 4 се инклузивни паркови. На над 20 локации се направени нови паркови, вклучувајќи го и еко паркот и паркот за домашни миленици сместен на Градското Шеталиште во Битола.
Од 2020 година досега за детските паркови и уредувањето на површините се инвестирани над 13.000.000 денари, средства од Општина Битола во соработка со ЈКП „Комуналец“, како и средства добиени преку реализација на проекти, финансирани од различни фондови.