АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Хулигани оштетија реквизит и корпи за отпадоци од новиот десткиот парк што неодмна се направи под училиштето „Тодор Ангелевски“ . Икршена е клацкалката, па сега на неа не можат да се забавауваат децата, а откорната и турната е и корпата за отпадоци. Непознати сторители детскиот парк го оштетија синоќа, а ваквата слика денес ги разочара децата и родителите.
„Откако се направи паркот, врие од деца, ни живна улицата. Не мора да одиме по околните маала за децата да си играат по детски паркови. Уредувањето на местото ни донесе голема радост. И кој дестуктивен нагон е ова, да им ја искршите клацкалката на дечињата, па не опстои ни неколку недели. И во услови кога сите викаат да се стават што повеќе корпи низ град, некој да ги крши. Зошто“, регираат жители од улиците „Илинденска“ и „Цане Василев“ кои децата го носат во паркчето.
Официјалните бројки се дека на околу 50 локации во градот се направени паркови, од кои најголемиот број се збогатени со детски реквизити, а 4 се инклузивни паркови. На над 20 локации се направени нови паркови, вклучувајќи го и еко паркот и паркот за домашни миленици сместен на Градското шеталиште во Битола.