АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Епидемијата на големи сипаници (variola vera) што ја зафати Југославија пред половина век беше последната епдемија на овие простори пред појавата на коронавирусот. За време на епидемијата која траела во текот на март, април и мај 1972 година се разболеле 184 лица, а починале 40. Меѓу заболените имало шест здравствени работници, тројца лекари и три медицински сестри, од кои две починале.
По потврдувањето на болеста, на 17 март започнала вакцинација на здравствените работници и населението во загрозените области, а масовната вакцинација подоцна се проширила на цела Југославија при што за само неколку недели биле вакцинирани 18 милиони луѓе. од вкупно 22 милиони жители.
Ова е сочувана потврда за успешна вакцинација на еден битолчанец, сличен документ како што денес добиваат граѓаните кои се вакцинираат против КОВИД-19. Иако и тогаш имунизацијата била доброволна, сепак мал процент одбил да се вакцинира.
За време на борбата против големите сипаници, епидемиолошките служби и здравствените работници покажале голем напор и жртва, спречувајќи епидемија од големи размери, поради што на 21 април добиле признание од Светската здравствена организација која одала почит на југословенските лекари и објавиела дека епидемијата е при крај
Епидемијата траела до 23 мај, а карантините постепено биле укинати од 12 до 19 мај.