2win800x200

во Битола вакцинирани 425 граѓани, во битолските села 160 на првиот ден од вакцинацијата без термин

Јули 12, 2021

На првиот ден од слободната вакцинација без закажување, битолчани покажаа голем интерес, па на пунктот за масовна имунизација во спортската сала во Медицинското училиште се вакцинираа 756 граѓани, од кои 425 со прва доза на вакцина против КОВИД-19, а останатите се закажани граѓани за ревакцина. Пунктот  е отврен од 8 до 14 часот, и сите граѓани кои досега не се вакцинирале  можат да дојдат со документ за идентификација- лична карта или здравсвена легитимација.

 

216012854 1602546109950212 8864577377975257382 n

Исто така, денеска стартуваше и теренската имунизација на населението во битолските села. Екипите од Здравствениот дом во Битола, имунизацијата ја спроведуваат во селата Кравари, Оптичари, Меџитлија, Егри и Жабени, а во овие 5 села во текот на денешниот ден се вакцинирале 160 граѓани. Од Здравствениот дом во Битола информираат дека интересот е голем, а екипите во текот на денот ќе ги поминат и селата Гермијан и Кременица.

213359839 1602546259950197 4644010208004135750 n

 

 

Од Министерството за здравство информираат дека од денеска до четврток ќе биде отворен сајтот vakcinacija.mk за закажување на термини за вакцинација на децата. Секој родител или старател кој сака да се вакцинира неговото дете ќе треба да го пријави на веб страницата, по што ќе добие термин за вакцинација. Вакцинирањето на деца ќе започне в петок.

-Во системот Мој Термин веќе се регистрираат малолетни лица (деца од 12-16 години) кои сакаат да се вакцинираат. Родителите или старателите доколку наидат на потешкотии при пријавување на своето дете, да го проверат статусот на евидентирање на децата, односно дали истите се осигуреници во базата на ФЗО на РСМ. Оние деца кои немаат здравствено осигурување, или немаат одбрано матичен лекар, исто така ќе може да се вакцинираат, а информации за термините ќе може да добијат директно на вакциналните пунктови каде ќе се одвива вакцинација на деца, информираше министерот Венко Филипче

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани