АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
65 годишен битолчанец С.С. утрово почина кај месноста Неолица, откако со своите пријатели тргнал на пешачење, потврдија од битолската полиција.
Околу 10 часот денеска во СВР Битола е пријавено дека на потегот од село Лавци до планинарскиот дом Неолица, движејќи се по патот С.С., паднал на камен и се удрил, а пријтелите веднаш му укажале помош, по што била известена и екипата за брза интервенција во планина на Дирекцијата за заштита и спасување, итната помош, полицијата и ОЈО.
Заради тешко пристапниот терен, екпата на ДЗС го извлекла телото до село Лавци, каде лекар од итната медицинска помош констатирал смрт. Се претпоставува дека на лицетот му се слошило за време на пешачењето, по што се онесвестило и се удрило во камен.
Увид е извршен од екипи на МВР и ОЈО, а обвинител наредил обдукција врз телото на починатиот, која треба да ги утврди причините за смртта, дали битолчанецот починал од ударот во камен или пак од природна смрт.