2win800x200

Само што поставија семафори на обиколницата, некој ги украде

Април 02, 2018

Непознати лица ги украле семафорите со акумулатори и патната сигнализација кои во петокот беа поставени кај свлечиштето на обиколницата над Битола што е дел од регионалниот пат Прилеп-Охрид. Редакцијата на Апла.мк во петокот направи фотографии од поставените семафори и ги објави на порталот, но денес местото е празно.

 

„Украдени се семафорите дури и со акумулатори, а исто така и патната сигнализација што беше поставена. Обиколницата требаше да биде пуштена во употреба утре зашто ќе има реконструкција на влезот за Битола од страната на Прилеп, па возилата ќе треба да минуваат низ обиколницата. Семафорите беа на фирмата изведувач ‘Илинден’ која имаше добиено и одобрение за пренамена на режимот на сообраќај“, рече инспекторот за патишта Сашо Здравевски.

Незивесно е како кражбата ќе се одрази врз предвидената реконструкција на патот од страната на Прилеп и дали со ова ќе се одложи реконструкцијата. Обиколницата во последните месеци беше жешка тема за меѓупартиски препукувања во Битола. Инаку, патот беше затворен за сообраќај во јануари минатат година поради одрони на ридот и исфрлено ѓубре на обиколницата. Најголемиот дел од сметот кај ромската населба беше исчистен, но за свлечиштето ќе треба поголема интервенција.Свлечиштата на ридот крај обиколницата се појавуваат од пред четири години..

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани